Поврзете се со нас

Шпанија

Андонова забележа асистенција во трилерот со седум гола во Валенсија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LUDfemenino

Наташа Андонова со својот Леванте се израдува на важна победа над Реал Сосиедад во првата лига во Шпанија и тоа во трилер мечот кој заврши со резултат 4-3.

Домашните фудбалерки тргнаа добро и во 11 минута поведоа, но потоа стигна одговорот од противникот кој го сврте резултатот и дојде до 2-1. На асистенција на Андонова составот на Леванте дојде до 2-2 преку Мендез, меѓутоа во судиското продолжение на првиот дел Јенсен донесе нова позитива за клубот од Баскија.

Во вториот полувреме влезе Редондо Ферер, потег кој се покажа како клучен за домашниот стратег затоа што оваа фудбалерка погоди во 73 и 82 минута за славје на фаворитот.

Ова за нашата репрезентативка беше четврта асистенција, а има дадено и пет голови.

Леванте со 50 бода е на 4. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни