Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите и одбојкарките ги добија ривалите во квалификациите за ЕП

Објавено

на

Македонските одбојкари и одбојкарките ги добија ривалите во квалификациите за Европските првенства кои се на програмата во 2026 година.

Немаше ждрепка, односно ЦЕВ реши групите да ги формира според рејтингот, па така популарните „спартанци“ на патот до ЕП ќе ги одмерат силите со Грција и Грузија.

Првиот меч ќе го одиграме на гостински терен против Грузијците на 17-ти или 18-ти август, а неколку дена подоцна (24/25-ти август) ќе го пречекаме нашиот јужен сосед. Следните натпревари ги играме дури во 2025 година, на 13-ти август ќе и гостуваме на Грција за да 16-ти или на 17-ти и бидеме домаќин на Грузија.

Распоред:

Грузија – МАКЕДОНИЈА            (17/18-ти август 2024)

МАКЕДОНИЈА – Грција             (24/25-ти август 2024)

Грција – Грузија                         (28/29-ти август 2024)

Грузија – Грција                         (9/10-ти август 2025)

Грција – МАКЕДОНИЈА             (13-ти август 2025)

МАКЕДОНИЈА – Грузија            (16/17-ти август)

Дамите пак се најдоа во група со Грција и Австрија. Овој циклус ќе го отвориме и затвориме со Австрија, а меѓу ни се дуелите со Грција.

Распоред:

МАКЕДОНИЈА – Австрија         (17/18-ти август 2024)

Австрија – Грција                       (24/25-ти август 2024)

Грција – МАКЕДОНИЈА             (28/29-ти август 2024)

МАКЕДОНИЈА – Грција             (2-ри/3-ти август 2025)

Грција – Австрија                       (6-ти август 2025)

Австрија – МАКЕДОНИЈА          (9/10-ти август 2025)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни