Поврзете се со нас

Италија

Малдини му одговори на претседателот на Милан: Ако погледнам…

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Паоло Малдини е легенда и икона на Милан, клуб во кој ја мина целата своја играчка кариера, клуб во кој работеше како оперативец откако ги закачи копачките на клин.

Тој вршеше добра работа во „росонерите“, но минатата година си замина, беше отпуштен од новиот сопственик Кардинале. Овој потег не мина најдобро кај навивачите кои и денеска го критикуваат, па и воедно се загрижени во кој правец се движи клубот под водство на американските сопственици.

Во средбата претседателот на „црвено-црните“, Паоло Скарони запрашан за тоа дали има комуникација со Малдини, даде еден интересен, ама и провокативен одговор.

-Не сум се слушнал со него. Кога некој гледа на минатото со некоја горчина, тоа значи дека не живее доволно добро во сегашноста. Се надевам дека тоа не е случај со Малдини. Се надевам дека неговиот личен живот е полн со задоволство, -порача Скарони на што Паоло кратко одговори.

-Ако погледнам во моето минато, не можам да престанам да се смеам, -истакнал Италијанецот за „Кориере Дела Сера“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни