Поврзете се со нас

Англија

Хаверц посебно воодушевен од еден соиграч: Никогаш не сум видел таков фудбалер

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Каи Хаверц се избори за пенал и му ја олесни работата на Арсенал на денешниот натпревар против Борнмут, кој на крајот заврши со конечни 3:0 и нова победа за фаворитот.

Германскиот репрезентативец брилјира во системот на Артета како „лажна деветка“ и навистина добро се снајде во оваа улога, а со своето движење им овозможува многу простор на играчи како Букајо Сака, Леандро Тросар и Габриел Мартинели.

Крилата на Арсенал посебно доаѓаат до израз кога во стартниот тим е Хаверц, кој пак вели дека најмногу е импресиониран од англискиот репрезентативец кој и денеска беше сигурен од белата точка.

– Букајо е неверојатен и тоа го покажува од недела во недела. Има 21 или 22 години и никогаш не сум видел играч како него на таа возраст.

– Англија е многу среќна што има играч како него. Тој е гладен на секој меч, на секој тренинг и влегува максимално во секој дуел. Гледате дека е специјален играч кога го пратите секој ден на тренинзите, – изјави Хаверц за својот соиграч.

Сака денеска го постигна 20-от гол оваа сезона и стана првиот играч на Арсенал по Пјер Емерик Обамејанг кој остварил таков учинок, а воедно е првиот Англичанец кој стигнал до бројата 20 во Арсенал по легендарниот Тио Волкот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни