Поврзете се со нас

Македонија

„Доктор“ Докузовски го внесе МКК Куманово во Првата лига

Објавено

на

foto:www.facebook.com/minibasket09ku

МКК Куманово е првиот тим кој избори место во најдобрата македонска кошаркарска конкуренција за наредната сезона.

Куманово предводен од нашата тренерска легенда Марин Докузовски без ниту еден пораз дојде до посакуваната цел, место во Првата лига.

Во полуфиналето беше совладан составот на Ангели со 2-0, првиот меч заврши со 77:47, вториот во во салата „Независна Македонија“ со 71:56.

Капитенот Јанески реализираше 26, а Димитриевски додаде 10.поени кај сега веќе новиот прволигаш, додека пак, Атанасов имаше 12 кошеви кај поразените.

Во второто полуфинале Шкупи води против Маџари и ако избраниците на Тони Симиќ слават и во денешниот меч тогаш обезбедуваат финале, а со тоа автоматски и пласман во елитната конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни