Поврзете се со нас

Шпанија

Угледниот „Релево“ тврди: Димитриевски потпиша четиригодишен договор, ќе биде прв голман на „лилјаците“! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RayoVallecano

Столе Димитриевски мирно чекаше понуда од Рајо Валјекано за продолжување на соработката, но откако македонскиот репрезентативец не го дочека тоа, по се изгледа донесе дефинитивно решение за својата иднина.

Како што информира добро упатениот шпански новинар за случувањата во Валенсија, Начо Санчис, клубот од „Месталја“ потпишал четиригодишен договор со најдобриот македонски голман, без разлика на тоа што ќе се случи со Џорџи Мамардашвили до крајот на месец јуни.

Првичната најава беше дека Валенсија ќе го продаде Мамардашвили и ќе го донесе Столе како негова замена, но планот се изменил откако станало јасно дека со одлагање на операцијата, „лилјаците“ ризикуваат да го загубат македонскиот репрезентативец.

Угледниот „Релево“ (медиум за кој пишува Санчис) ова попладне ексклузивно информира дека договорот на Димитриевски е составен од два члена, според кој Столе има две фиксни години со Валенсија до 2026-та година, со опција договорот да биде продолжен до 2028-ма.

Шпанците во изминатиот период на големо пишуваа и дека Димитривески има на маса важна понуда од Саудиска Арабија, но Столе ја одбил истата и сега одново ќе го гледаме во Ла Лига, но како чувар на мрежата на Валенсија.

Планот на „лилјаците“ е македонскиот чувар на мрежата да биде прв голман наредната сезона, бидејќи уште претходно познато е дека на трансфер листата е ставен Мамардашвили за кого клубот планира да заработи измеѓу 30 и 40 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни