Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер ја доби четвртата битка со Работнички и закажа нов финален двобој со МЗТ

Објавено

на

Македонските кошаркарски фанови ќе гледаа реприза на минатогодишното финале во најсилната лига во нашата земја, откако по МЗТ, пласман во завршната серија обезбеди и Пелистер.

По скандалозните обвинувања и препукувањата на социјалните мрежи, Пелистер и Работнички денеска го одиграа четвртиот меч во второто полуфинале, а истиот се покажа како последен во оваа серија.

„Зелено-белите“ победија и на вториот меч на домашен терен и со конечни 3:1 закажаа ново финале со МЗТ Скопје, нешто до што стигнаа максимално заслужено со понуденото на денешниот натпревар.

Пелистер отвори многу поамбициозно и во првите 10 минути дојде до предност од 29:20, а на полувреме домашниот тим замина на пауза со двоцифрена предност (48:37).

Во третиот период, предноста на Пелистер стигна и до максимални плус 17, но потоа следеше фантастична серија на избраниците на Самарџиев, кои одеднаш се вратија во мечот и стигнаа до 66:60.

Тогаш се чинеше дека мечот ќе влезе во возбудлива завршница, но сепак тоа беше последниот налет на гостите од Скопје, па Пелистер доста смирено ја одржа предноста и на крајот славеше со 88:80.

Јуре Планиниќ со 23 и Андреј Маслинко со 20 поени беа најефикасени кошаркари во победничкиот табор, додека кај Работнички најдобри беа Декоси и Рикиќ со по 18 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни