Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд знае каков потег ќе повлече Јунајтед со Тен Хаг: Колку повеќе и повеќе размислувам за тоа…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед со триумф над Брајтон ја заокружи натпреварувачката 2023/2024 во Премиер лигата или поточно со осмо место на табелата кое е далеку под сите очекувања.

„Црвените ѓаволи“ до крајот на кампањата имаат уште еден предизвик, финале со Манчестер Сити во ФА Купот што значи може да се освои пехар и со тоа некако да се поправи впечатокот за тоа што се случуваше во изминатава година.

Според многумина ова ќе биде меч „да се биде или не“ кога е во прашање менаџерот Ерик Тен Хаг, став кој не го има легендата на клубот, Рио Фердинанд кој смета дека Холанѓанецот треба да заработи отказ без разлика на тоа што ќе се случи на „Вембли“.

-Колку повеќе и повеќе размислувам за тоа, победа или проаз, мислам дека Тен Хег нема да биде таму следната сезона.

-Не велам дека тоа е она што го сакам, само го кажувам она што верувам дека ќе се случи и верувам дека клубот ќе погледне на друго место, мислам. Мислам дека [освојувањето на ФА Купот] тоа ништо нема да промени во очите на ИНЕОС. Не сум разговарал со никого таму, ова е само претпоставка, така мислам, -порача Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни