Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Не е чудо што не доби повик за ЕП: Борусија ќе го има најдебелиот претставник во едно финале во ЛШ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд на херојски начин се пласираше во финалето на Лигата на шампионите и мораше да мине тежок пат за да стигне до „Вембли“, започнувајќи од групната фаза, па се до претпоследната нокаут рунда.

„Милионерите“ во првата фаза се најдоа во група со ПСЖ и Милан и како првопласирарни се најдоа во осминафиналето, а во првата нокаут рунда го елиминираа ПСВ.

Германскиот тим имаше тешка задача во четвртфиналето и како аутсајдер го победи Атлетико Мадрид, па во полуфиналето оствари уште два триумфи над ПСЖ.

Избраниците на Един Терзиќ одиграа речиси два перфектни меча против „светците“, а во период кога заслужено се подготвуваат за големото финале, во фудбалска Германија посебно се шират фотографии од последните тренинзи, на кои најдобро се гледа колку Никлас Зуле е надвор од форма.

Поранешниот стопер на БАерн ја почна сезоната како стартер за Борусија, но ја загуби битката со Шлотербек и Хумелс, а причина за тоа сигурно е и прекумерната тежина.

Неговата актуелна форма е далеку од идеална за еден професионалец, па затоа не ни чуди што отпадна и од списокот на Јулијан Нагелсман за Европското првенство.

Поранешниот репрезентативец има десетина килограми повеќе, што ги натера фановите на социјалните мрежи да се шегуваат дека тој ќе биде најдебелиот претставник во едно финале на ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни