Поврзете се со нас

Балкан

Адеми по освоената титула: Не очекувајте од мене да ја протнам топката низ нозете на противникот

Објавено

на

Динамо беше во незавидна ситуација и изгледаше дека е на добар пат да остане без титула, но тимот од Загреб ја надмина кризата и со завршен спринт во финишот стигна до нов шампионски пехарр.

Со победата над Осијек остварена на домашен терен, Динамо вчера и математички ја доби битката со Риека и Хајдук, а херој на вчерашниот меч беше поранешниот македонски репрезентативец, Аријан Адеми.

Популарниот Аки го постигна голот за победа и тоа беше втор погодок за него по враќањето од Кина, па по натпреварот говорел пред хрватските медиуми и направил анализа за сезоната од која не е најзадоволен.

– Искрено, не сум задоволен од својата сезона. Во секој меч влегов со максимум, сакам да му помогнам на тимот колку што можам. Сепак, треба да знаете дека јас не сум Петковиќ и дека нема да видите како му ја протнувам топката низ нозе на ривал. Ниту сум Орсиќ и нема да видите од мене гол во самиот агол. Вие новинарите поинаку гледате на тоа, очекувате од мене голови. Промашив доста зицери оваа сезона и поради тоа сум незадоволен. Ако ги дадев тие шанси, формата ќе ми беше далеку подобра, – изјавил Адеми, кој посочил дека поразот од Локомотива на стартот на вториот дел од сезоната бил најтежок период кој го пребродил тимот.

– За мене најтежок момент беше поразот од Локомотива. Чувствувавме дека сме подготвени и бевме добри. Потоа добивме удар во глава и загубивме се во пет минути. Тоа беше најтешкиот момент за мене оваа сезона, – изјавил капитенот на Динамо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни