Поврзете се со нас

Свет

Италија ја потопи Црна Гора, Шола си поднесе оставка: Јас сум виновен, жалам што го разочарав ракометниот свет

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rscg.me/

Црна Гора важеше за голем фаворит во бараж пресметката со Италија за пласман на Светското првенство, но двете пресметки покажаа сосема друга слика и „аѕурите“ со две победи обезбедија место на мундијалот во 2025 година.

Првата средба во Италија заврши со резултат 32:26, а онаа вчерашната со 34-32, резултати по кои селекторот на Црногорците, Владо Шола презема одговорност и поднесе оставка.

-Им честитам на играчите и преземам одговорност за се… Се што беше лошо е моја вина. Веднаш поднесувам оставка, извинете ако го разочарав ракометниот свет во Црна Гора.

-Имавме добар период на Европското првенство. Благодарам на играчите за соработката, на сите им посакувам се најдобро и никогаш нема да кажам ниту еден лош збор за некој со кој сум работел во Црна Гора. Ако се случи спротивното, веројатно имаат причина зошто тоа го направиле, -рече Шола и додаде:

-Не сакам да кажам дека некој намерно направил нешто или не сакал. Бевме надиграни, ја немавме потребната енергија и самодоверба. Италија едноставно не надигра на двата меча – беа подобри и во одбраната и во нападот. Немавме одговор, лошо го отворивме мечот, но… Нема да зборувам за причините, бидејќи изгледа како да барам оправдувања, а тоа не го сакам, велам – бевме надиграни, -порача Хрватот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни