Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА делегираше за финалето на „Вембли“: Главен судија ќе биде арбитар кој никогаш не му судел на Реал (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/UEFA

УЕФА ова попладне ги објави судиите кои ќе ја делат правдата на најважните европски натпревари на крајот од сезоната, а секако посебно внимание привлече делегираниот судија за големото финале во Лигата на шампионите.

Славко Винчиќ ја доби честа да го суди второто важно европско финале во својата кариера, три години по арбиртражата која ја имаше на заврршниот меч во Лигата на Европа.

Дефинитивно, доделаната доверба за 1-ви јуни на „Вембли“ е најважен момент во неговата кариера, бидејќи финалето во Лигата на шампионите е убедливо најважниот натпревар на стариот континент, а сатисфакцијата е уште поголема ако се знае дека доби предност пред Симон Марчињак, Дани Макели и Ентони Тејлор.

44-годишниот Словенец е интернационален судија од 2010-та година и заврши добра задача на финалето меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс во 2021-ва година, но сега ќе мора да се справува со многу поголеми ѕвезди, оние на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

Интересно, Винчиќ никогаш во кариерата не му судел натпревар на Реал Мадрид, а Борусија има добри спомени од него, бидејќи тој беше задолжен за делење на правдата на реваншот против Атлетико Мадрид во четвртфиналето.

Главна судија на женското финале во Лигата на шампиони ќе биде ребека Велш, главен судија на финалето во Лига Европа ќе биде Иштван Ковач, а во Конференциската лига Артур Соареш Диаш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни