Поврзете се со нас

Франција

Зидан го облече дресот на Бордо и повторно заигра фудбал, па со една фудбалска магија стана топ тема во Франција (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/girondins

Зинедин Зидан е симбол за фудбалска магија во Франција и важи за една од најголемите спортски легенди во историјата на оваа земја, па затоа неговото појавување на терените секогаш привлекува и големо внимание кај фановите.

Зизу веќе долго време е во фудбалска пензија и ја раситни шестата деценија од животот, но и на 51-годишна возраст поседува техника која не остава никого рамнодушен.

Неповторливиот Зидан вчера бил дел од ревијалниот натпревар кој се одиграл во Франција по повод 100-годишнината на фудбалскиот стадион „Лескур“, а воедно бил задолжен и за најдобриот потег на мечот.

Зизу бил дел од тимот на Бордо кој победил со 5:3 против Вариет, но вирален хит во Франција стана неговата егзибиција со фудбалската топка која најдобро покажува дека фудбалската магија не се губи така лесно.

Зидан примил топка и не дозволил истата да падне триесетина метри, а со своето жоглерско шоу ги станал на нозе сите 40 илјади фанови кои биле присутни на трибините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни