Поврзете се со нас

Македонија

ЖРК Чаир ќе се бори за пехарот во Купот на Македонија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Екипата на ЖРК Чаир обезбеди пласман во големото финале на Купот на Македонија и тоа откако излезе како победник од пресметката со ЖРК Вардар со 32:28.

Интересна беше битката во СЦ „Борис Трајковски“, пресметка во која избраничките на Љатифи покажаа повеќе и изборија место во борбата за пехарот каде за противникот ќе го имаат составот на Ѓорче Петров кој вчера го разби Куманово со 31:14.

Чаир водеше со 14:13 по 30 минути игра, предност која ја сочува, надгради во вториот дел.

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Рахмани со осум погодоци беше предводник во победничката екипа, Василева имаше седум голови кај вардарки.

Финалниот натпревар е закажан за недела во 16:00 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни