Поврзете се со нас

АТП

Надал со порака до колегите: Не можете да се жалите…

Објавено

на

foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Искусниот шпански тениски ас, Рафаел Надал даде свој коментар за промената на форматот на Мастерс турнирите, промена која донесе и повеќе повреди за играчите.

Некои значајни турнири како Мадрид и Рим траат недела и ипол што ги прави попредизвикувачки и поблиску до грен слем, па дел од тенисерите го кренаа гласот против овој формат.

-Пропуштив многу важни турнири поради повреда. Но, не можете да се жалите за тоа, го прифаќате она што се случува.

-Има играчи кои сакаат да заработат, турнири кои сакаат да заработат пари. Ја прифаќаме оваа улога. Нема драма. Турнирот ќе опстане и без Карлос и Јаник кои се многу важни играчи за секој настан, за кој било турнир, -истакнал Надал, а пренесува Л’Екип“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни