Поврзете се со нас

Свет

Шортс и Париз шокирани од Шоле, Хап двоцифрен во пресметката со „кралевите“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ParisBasketball

Ти-Џеј Шортс и неговиот Париз доживеаа шокантен пораз од Шоле од 91:81 во првата плејоф средба во четвртфиналето во Франција.

Париз влезе во овој дуел во извонредна форма со 25 победи во низа во сите натпреварувања и беше апсолутен фаворит, но се соочи со доста проблеми со Шоле, проблеми кои не успеа да ги надмине низ 40 минути и изненадувачки загуби пред своите гледачи со дури десет разлика.

Гостите одиграа тимски и петмина играчи беа двоцифрени, додека Ерера со 26 кошеви беше прво име кај поразените, тим за кој македонскиот репрезентативец Шортс беше автор на 18 кошеви, 3 скока и 5 асистенции.

Во Шпанија пак центарот со македонски пасош Итан Хап беше двоцифрен во соочувањето со Реал Мадрид. Хап уфрли 10 поени без притоа да промаши од игра (2/3 за еден, 4/4 за два), плус забележа 2 скока.

Сепак Гран Канарија беше немоќна во Мадрид, загуби со 105:70 и губи со 1-0 во првата рунда на плејофот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни