Поврзете се со нас

Англија

„Би-Би-Си“: Само еден фудбалски експерт го погоди топ четири распоредот во Премиер лигата (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Крајот на Премиер лигата за многумина донесе очекуван исход кога е во прашање шампионот Манчестер Сити, бидејќи најголем дел од аналитичарите му даваа предност на тимот на Пеп Гвардиола уште пред стартот на сезоната.

Сити испиша историја и по четврти пат во низа ја освои титулата во англиската елита, а во дадениот случај втора година по ред жестоко се бореше со Арсенал и повторно излезе како победник.

Триумфот на Сити беше најчест тип меѓу сите легенди кои направија прогноза за конечниот изглед на табелата во Премиер лигата, но „Би-Би-Си“ сега излезе со интересна сторија и откри дека само еден нивни експерт го погодил точниот изглед на топ четири екипите.

Од вкупно 27 експерти кои дале своја прогноза за „Би-Би-Си“ уште во месец август минатата година, само еден успеал да го погоди конечниот редослед, а тоа е Стивен Ворнок.

Поранешниот играч на Ливерпул е посочен како најдобар типстер од страна на угледниот британски сервис, а неговата прогноза е навистина импресивна бидејќи типуваше дека Астон Вила ќе заврши меѓу четирите најдобри.

– Ако размислувате да правите некои фудбалски прогнози во скоро време, можеби е добра идеја прво да дознаете што мисли Стивен Ворнок, – се вели во веста на „Би-Би-Си“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни