Поврзете се со нас

Свет

Саинц во седмата деценија од животот стигна до четврта победа на Рели Дакар

Објавено

на

Карлос Саинц четврти пат во кариерата победи на Рели Дакар, годинава обезбедувајќи најдобро време по 12 етапи на 46. издание на престижното моторспорт натпреварување.

Саинц сениор ја заврши последната етапа со вкупна предност од 80 минути во споредба со второпласираниот Гијом де Мевиу, а заедно со неговиот долгогодишен копилот Лукас Круз му донесоа трофеј на тимот на Ауди, првпат триумфирајќи на релито со автомобил со хибриден погон.

Себастијан Леб беше сериозен ривал на 61-годишниот Саинц, но имаше механички проблем на една од завршните етапи, со што ги загуби шансите да го спречи Шпанецот да го подобри рекордот за највозрасен победник на легендарната рели трка која сега се вози во Саудиска Арабија.

Саинц е само вториот возач кој успеал да триумфира со четири различни брендови, а претходните победи во 2010, 2018 и 2020 година ги обезбеди со Фолксваген, Мини и Пежо. Истовремено, тој е четврти учесник кој победил на релито без да победи на ниту една поединечна етапа.

Победник во конкуренција на моторцикли е Американецот Рики Брејбек со Хонда.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни