Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Признание за најдобрата македонска судијка: Пројковска ќе суди полуфинале во ЛШ

Објавено

на

Најквалитетната македонска судијка, Ива Пројковска ја доби довербата од УЕФА и ќе го суди полуфиналето меѓу Пари Сен Жермен и Лион во Лигата на шампионите.

Ова е реванш средба, дуел во кој се очекува да биде неизвесно, борбено до самиот крај со оглед на резултатот од првото соочување (3-2 за Лион), а се да биде како што треба на „Паркот на принцовите“ ќе треба да се погрижи нашата Пројковска која веќе судеше на неколку мечеви од елитната конкуренција во актуелнава сезона.

На неа ќе и помагаат Вјолца Изеири и Саша Шпур, четврти судија ќе биде Јелена Цветковиќ, додека за ВАР ќе биде задолжени Катрин Рафалски и Кристијан Дингерт.

Дуелот се игра во недела од 16 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни