Поврзете се со нас

Свет

ПСВ го прекина долгиот пост и ја освои титулата во Холандија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/PSV

ПСВ Ајндховен денеска ја победи Спарта со 4:2 и дефинитивно го потврди освојувањето на титулата во холандското фудбалско првенство.

На домаќините им беше доволен и бод за да го започнат славјето, а со победата само дополнително ги израдуваа фановите, кои чекаа на титулата шест години.

ПСВ доминираше сезонава во која забележа само еден пораз и има 28 победи на 32 натпревари, а титулата ја освои под водство на Петер Бош, за кого ова е прв триумф во холандскиот шампионат.

Новиот холандски првак стигна до 25. титула, а најтрофеен клуб останува Ајакс со 36 првенствени трофеи.

Во последните две кола, тимот од „Филипс“ стадионот ќе се обиде да го собори рекордот на Ајакс за најмногу освоени бодови (92), за што му се потребни две победи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни