Поврзете се со нас

НБА

Бесниот Мелоун влета на теренот и тргна да се пресметува со судијата, Јокиќ и соиграчите добија кошаркарска лекција од Минесота (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Многумина мислеа дека Минесота е тим кој брзо ќе ги покаже сите свои недостатоци во плејофот, но откако речиси цела сезона беа први во регуларниот дел, „волците“ во раната фаза на разигрувањето покажуваат дека имаат потенцијал да одат до самиот крај.

Денвер влезе како фаворит во полуфиналната плејоф серија на Западот и се очекуваше да стекне предност на првите два меча на домашен терен, но наместо тоа, во воведните два меча гледаме доминација на еден тим.

Минесота сосема заслужено го доби првиот меч со храбра игра во завршницата, па иако на вториот се очекуваше далеку поагресивна игра на шампионот, гостите повторно успеаја да ги скротат Нагетси и остварија преубедлива победа.

„Волците“ им одржаа кошаркарска лекција на Јокиќ и пријателите и победија со 26 разлика (80:106), па сега Минесота има два брејка и предност од 2:0 во пресрет на двата натпревари на домашен терен.

Лошата вечер за домаќините почна со нервозни реакции на тренерот Мајк Малоун, кој интересно уште во првата четвртина тргна да се пресметува со еден од судиите, потег за кој уште почудно е што не беше исклучен.

– Ни го исплескаа задникот, Минесота презема иницијатива од самиот старт на мечот. Сега пред нас е голем предизвик, но она што не ми се допаѓа е говорот на телото кај моите играчи. Бевме претепани на домашен терен, се посрамотивме пред своите навивачи.

– Мора да покажеме мадиња, да се погледнеме во огледало и да кажеме „Не ја одработив својата задача вечерва!“. Мораме да бидеме далеку подобри на следниот меч, – изјави Мелоун по поразот.

Клучни за победата на Минесота беа Едвардс и Таунс кои постигнаа по 27 поени, додека кај Денвер најдобар беше Гордон со 20 поени, пред Јокиќ кој имаше скромно офанзивно издание со 16 поени.

Што се однесува на вториот меч кој се играше рано утрово, Њујорк ја победи Индијана со 121:117 и поведе 1:0 во серијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни