Поврзете се со нас

Шпанија

Чуамени ја сподели легендарната изрека на Коби по освоената титула во Ла Лига (Видео)

Објавено

на

Орелијан Чуамени стана важен дел од ротацијата на Карло Анчелоти и може да одговори на повеќе позиции на теренот, па со оглед на многуте проблеми со повредени фудбалери, Французинит се научи да игра и како стопер.

Младиот играч за врска одигра важна улога во сезоната во која Реал по 36-ти пат стигна до титулата во домашното првенство, а во моментите кога сите го прославуваат трофејот, Чуамени испрати порака која се разликува од сите останати.

Орелијан имаше навистина интересна објава на Инстаграм и ја одбележа сезоната во Ла Лига со серија фотографии, но на крај објави и видео и ја потенцираше легендарната изрека на Коби Брајант.

– Работата не е завршена……

Чуамени јасно алудира на клучниот меч кој претстои во Лигата на шампионите, односно полуфиналето против Баерн Минхен кое во среда се игра на „Сантијаго Бернабеу“. Во оваа фаза од сезоната, Реал се стави во добра ситуација да размислува на двата најважни трофеи, па јасно е дека Чуамени смета дека работата ќе биде комплетна ако се освои и титулата во најпрестижното европско натпреварување.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни