НБА
Обст: Во НБА може да се нарекуваат како сакаат, ама ние сме светски шампиони
Селекцијата на Германија е нов светски шампион во кошарка и тоа откако одигра еден страшен турнир во кој ги доби сите противници од почетокот до крајот.
Германците одиграа борбено, колективно, секој си ја знаеше својата улога и сосема заслужено се на врвот. Еден од играчите кој остави впечаток беше Андреас Обст кој најдоброто издание го имаше против САД кога уфрли 24 поени со 6 асистенции.
Токму Обст имаше што да им порача на НБА ѕвездите кои првично беа поздравени од најбрзиот човек на светот, Ноа Лајлс по што се разби дебата за која имаа што да кажат доста познати имиња и асови.
Најбрзиот човек во светот ги „пецна“ НБА ѕвездите: Сами се прогласуваат за светски шампиони (Видео)
-Во НБА велат дека се светски шампиони затоа што таму играат најдобрите во светот, но сепак тие се шампиони во домашната лига, а ние во Германија сме шампиони на Светското првенство. Секогаш го имаат тој став во НБА. Мислат дека се најдобри во нешто и секако можете да им дадете разни епитети. Смешно е како луѓето сè уште зборуваат за тоа. Можат да се нарекуваат како сакаат, заклучокот не се менува. Ние сме светски шампиони, -порача Обст.
Ракочевиќ се вклучи во дебатата за НБА шампиони-светски шампиони: Тоа е заблуда…
-
АТП21 час
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија4 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија21 час
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Шпанија3 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија20 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Италија1 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Англија4 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!