Поврзете се со нас

Евролига

Хапоел Тел Авив го „грабна“ трофејот во Еврокупот и обезбеди билет за Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/HapoelTLVBC

Кошаркарите на Хапоел Тел Авив се освојувачи на трофејот во Еврокупот, второто по ранг клупско натпреварување во Европа.

Израелскиот претставник во финалната серија ја надигра Гран Канарија со 2-0, односно откако ја доби првата средба во Бугарија (Самоков) со 74:65 славеше и на теренот на противникот со 103:94.

Најпрецизни беа Блејкни со 27 и Мотли со 26 кошеви, додека кај поразените Кондит беше автор на 18 поени.

Со ова Хапоел Тел Авив обезбеди тикет за Евролигата за наредната сезона, а Димитрис Итудис пак стана четвртиот тренер кој успеал да ја освои Евролигата и Еврокупот по Ергин Атаман, Душан Ивковиќ и Дејвис Блат.

Признанието МВП заврши во рацете на центарот Џонатан Мотли.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни