Поврзете се со нас

Таблоид

Видеолотарија ја реализираше традиционалната крводарителска акција

Објавено

на

Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, тимот на Видеолотарија веќе третпат годинава, по традиција, во хумана мисија. Во просториите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, реализиравме уште една успешна крводарителна акција.

Со дарување крв од страна на вработените, Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст, уште еднаш успешно ја реализираше и најновата крводарителна акција, со што повторно ја докажа својата хуманост на дело. Оваа е трета крводарителна акција за оваа година. Првата беше реализирана во јануари, а втората во јули. Својата хуманост како дарители во овој случај ја покажаа половина од вработените во нашата компанија.

Акцијата веќе е убава хумана традиција, која ја практикуваме како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности. На овој начин, Видеолотарија дава придонес во спасувањето човечки животи и во промовирање и поттикнување на доброволното дарување крв.

Само како потсетување, крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години, со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.

 

Извор: Соопштение за медиуми

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни