Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ лесно го надигра Гостивар и закажа полуфинале со ТФТ

Објавено

на

МЗТ Скопје е последниот фаворит кој се пласираше во полуфиналето во македонскиот кошаркарски плејоф, откако вечерва си ја доработи задачата и по третпат славеше над Гостивар.

Македонскиот шампион е фаворит за одбрана на пехарот и вечерва имаше брилијатно издание на гостински терен, па со триумфот од 70:96 го потврди она што се очекуваше.

„Металците“ се последни патници меѓу четирите најдобри и во полуфиналето ќе ги одмерат силите со ТФТ, додека во второто полуфинале ќе ги гледаме работнички и Пелистер.

МЗТ денеска тргна фуриозно во Гостивар и создаде предност од 23 разлика уште во првиот дел, па останатиот дел од мечот беше чиста рутина за фаворитот.

Делалиќ со 23 поени беше најефикасен кошаркар кај победничиот тим, Инграм на спротивната страна уфрли 21, додека Митевски со 17 беше трет најдобар поентер на паркетот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни