Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го преслуша Тиквеш и направи нов важен исчекор кон одбрана на титулата

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Поразот од Вардар во големото дерби донесе доста повозбудлива завршница на ракометната Суперлига, но Еурофарм Пелистер зависи сам од себе и засега без проблеми си ја завршува својата работа.

Од натпреврарите до крајот на сезоната, овој денеска против Тиквеш требаше да биде претпоследна голема закана за „зелено-белите“, но ракометарите на домашниот тим запишаа убедлива победа и покажаа дека се цврсто решени да ја одбранат титулата.

Пелистер диктираше уште во првото полувреме и на пауза замина со предност од 18:14, но во вторите 40 минути разликата почна да расте и истата стана двоцифрена.

Фаворитот на крајот славеше со 35:25 и запиша уште една важна победа во Суперлигата, па сега е чекор поблиску до титулата која сите ја посакуваат.

До крајот на шампионатот Пелистер игра уште два натпревари, оној на гостувањето кај Струга, односно оној со Алкалоид на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни