Поврзете се со нас

Англија

Челси му ја продолжи лошата серија на Тотенхем

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ChelseaFC

Тотенхем загуби уште едно лондонско дерби, па по поразот од Арсенал, денеска остана без бодови (2:0) и во премиерлигашкото соочување со Челси на „Стемфорд Бриџ“.

Домаќините тргнаа поофанзивно и поагресивно уште од стартот, а на реализација се чекаше до 24. минута, кога Тревор Чалоба со глава успеа да го совлада Викарио.

По долгата ВАР проверка, голот беше потврден, а Тотенхем во меѓувреме не успеа да израмни, а предноста беше зголемена со погодокот на Џексон.

Напаѓачот на Челси ја искористи одбиената топка, откако обидот на Кол Палмер да реализира од слободен удар заврши со погодена греда и враќање на топката во поле.

Џексон ги постави конечните 2:0, бидејќи до крајот притисокот и доминацијата на Тотенхем не резултираа ниту со почесен гол.

Тотенхем остана на седум бодови зад Астон Вила која е на четвртото место и сега има само еден натпревар помалку од овој ривал, кој се приближи до место во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни