Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија напредуваше четири позиции на ранг листата на ФИБА

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Заврши првиот „прозорец“ од квалификациите за Европското првенство кое наредната година ќе се одигра во Полска, Финска, Кипар и Летонија.

Македонската репрезентација се прикажа во добро светло во двете средби против Естонија и Полска, средби на кои забележавме победа и пораз со тоа што можеме да жалиме што не прокнижувме и две победи со оглед на тоа што ги имавме Естонците во Скопје, меѓутоа лошите минути во вториот дел и повредата на Димитријевиќ на крајот придонесоа резултатот да не биде онаков каков што сите посакуваме.

Овие два настапи ни донесоа напредок на ФИБА ранг листа, односно на листата на сите учеснички во квалификациите за Евробаскетот (32 селекции). Пред почетокот на квалификациите бевме сместени на 28 место, а по одиграните мечеви дојдоа до 24 позиција.

-Во 80-те минути на двата февруарски натпревари,  Македонија водеше над 54 минути (20:16 против Естонија; 33:52 против Полска) и дојде со учинок 1-1 за тоа. Тие повеќе би сакале победата да беше против квалификацискиот ривал Естонија, наместо веќе квалификуваниот домаќин Полска, но сигурно тоа ќе го прифатат. Едно е сигурно дека дуото Ненад Димитријевиќ и Итан Хап ќе биде во главна улога секогаш кога ќе се појави на теренот, -порачаа од ФИБА.

На врвот сега е Србија пред Франција, Летонија, Грција, Италија…

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни