Поврзете се со нас

Велосипедизам

Момент за историја: Елена Петрова и Дуња Иванова први Македонки на светското велосипедско првенство!

Објавено

на

Елена Петрова и Дуња Иванова се првите македонски претставнички на светското велосипедско првенство кое се одржува во Глазгов.

Петрова и Иванова во својот прв историски настап за Македонија на светското велосипедско првенство се појавија во дисциплината возење на хронометар, која се возеше во четврток, 10 август. Патеката беше долга 36,2 километри и беше лоцирана во Стерлинг крај Глазгов, а во трката златниот медал го понесе Клои Дајгерт од САД, која постави време од 46 минути и 59 секунди. Елена Петрова задоцни 10 минути и 16 секунди, додека Дуња Иванова задоцни 11 минути и 10 секунди, со што беа пласирани на 70 и 74 место од 86 учесници.

Петрова како државна шампионка и Иванова како второпласирана се наметнаа во оваа селекција, а нивната добра форма беше потврдена и во мај оваа година кога учествуваа во трката што се одржа во Умаг, Хрватска, која е дел од серијата „UCI Gran Fondo“ што светската велосипедска федерација ја организира за ентузијастите кои го сакаат овој спорт. Тогаш, Елена Петрова заврши како второпласирана во категоријата од 19 до 34 години, додека Дуња Иванова беше третопласирана во категоријата од 35 до 39 години.

Иако настапот во Умаг им носеше пласман и на завршницата на „UCI Gran Fondo“, тие сепак одбраа да настапат на многу посилниот вело-мундијал што е резервиран за професионалците и оние кои преку државните првенства освојуваат бодови за ранг листата на UCI (Меѓународната велоспедска унија), поради што конкуренцијата е жестоко заострена.

Во недела на 13 август се вози друмската трка со должина од 154,1 километри, на кое има временски лимит од максимално доцнење изразено како 10% од времето на победникот.

Велосипедска федерација ги поддржа учесничките на овој „вело – мундијал“, а дополнително ќе треба да испрати и претставници на Европското првенство во Холандија што ќе се вози од 24 до 26 септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни