Поврзете се со нас

Екстремни спортови

Тони Манев ќе трча ултра-маратон од 178 километри!

Објавено

на

Ултра- маратонецот Тони Манев на денот на македонската независност ќе настапува учествувајќи во трката што има предвидена должина од 178 километри.

Во склоп на овој предизвик има искачување од 8.000 метри во Словенија на Крањска Гора и дел од Алпите.

Стартот на трката е предвиден во 12 часот на пладне во местото Кобарид, а се очекува учество на преку 150 маратонци од целиот свет.

Тони Манев од Штип е единствениот претставник од Македонија и воедно прв натпреварувач од нашата земја што ќе се обиде да ја истрча оваа делница. Финишот е предвиден во Крањска Гора.

– Проектираното време за остварување на овој предизвик е 46 часа. Сакам на сите Македонци да им го честитам Денот на независноста и ќе се обидам да дадам се од себе за остварување на висок пласман,- порача Манев.

Следењето на резултатите во живо ќе биде можно преку следниот линк: https://live.utmb.world/julianalps/2023/UTJA170

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни