Поврзете се со нас

Дејвис куп

Македонските тенисерки го освоија четвртото место на Били Џин Кинг Купот

Објавено

на

Македонската женска тениска репрезентација вчера славеше над Грузија во разигрувањето од четвртото до шестото место, а тоа им овозможи на нашите девојки да се борат за четвртата позиција на турнирот кој се одржуваше во Вилнус.

Натпреварувањето во Литванија македонските тенисерки го завршија со нова победа, со тоа што триумфот над Израел знаечеше дека го освојуваме четвртото место на Били Џинг Кинг Купот во рамките од втората евроафиканска зона.

Македонската експедиција немаше потреба да игра меч во двојки поради двете победи во сингл конкуренција, па така доста ефикасно беше осигурано четвртото место.

Стоилковска ја отвори програмата и со 6:2 и 6:4 славеше над Бучник, по што дојде ред на најдобрата македонска тенисерка.

Ѓорческа не и даде никаква шанса на Алтори и ја збриша од теренот со 6:0 и 6:0, по што стана јасно дека нема потреба да се игра меч во двојки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни