Поврзете се со нас

Мото ГП

Сопствениците на Формула 1 го купија Мото ГП

Објавено

на

Foto:twitter.com/MotoGP

Новата Мото ГП сезоната почна изминатиов месец и веќе видовме две трки од календарот, но пред да дојде на ред онаа во Америка, денеска беше официјализирана една аквизиција за која се зборуваше подолго време.

Сопствениците на Формула 1 од денеска и официјално се водечка структура и во Мото ГП, откако Либерти медија купи најголем дел од акциите на Мото ГП за приближна сума од 4,2 милијарди евра.

Досегашниот сопственик Дорна продал 86 проценти од акциите и задржал само минимален дел од истите, но седиштетото на Мото ГП ќе остане во Мадрид, а истовремено нема да се менува и главниот оперативец.

Според договорот на двете страни, Дорна ќе остане независно и внатрешно тело како поддршка за Либерти и ќе продолжи да го контролира шампионатот, со тоа што прв човек и натаму ќе биде Кармело Еспелета кој е претседател на Дорна со години наназад.

Покрај правата на Мото ГП, Дорна ги контролира и пониските категории како Мото 2 и Мото 3, а ги застапува правата и на светскиот Супербајк шампионат.

– Ова е совршен следен чекор за еволуцијата на Мото ГШ пампионатот и возбудени сме од она што Либерти го има замислено за Дорна, Мото ГП падокот и за љубителите на мотоциклизмот, – изјавил денеска Еспелета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни