Поврзете се со нас

НБА

Заработи потешка повреда на коленото: Конли го „собра“ тренерот на Минесота (ВИДЕО)

Објавено

на

Минесота Тимбервулвс доби уште една битка со Феникс Санс, овојпат со 122-116 што во случајов беше доволно за да се затвори оваа плејоф серија на Западот.

Клиперс ја доби пеколната битка со Далас во Тексас, „метла“ за Феникс (ВИДЕО)

„Волците“ со убедливи 4-0 одат во полуфиналето на својата конференција, но во целата оваа ситуација има и една лоша вест која е поврзана со тренерот Крис Финч.

Финч настрада по еден дуел на Мајк Конли и Девин Букер во завршницата, односно плејмекерот кој беше оттурнат од противникот заврши во тренерот. Ова беше тежок судир, настрада коленото на Крис и како што стојат работите ќе мора да оди под нож.

Минесота во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од Денвер Нагетс-Лос Анџелес Лејкерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни