Поврзете се со нас

Англија

Кин го промени мислењето за Халанд: Сега игра како играч од…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити го совлада Нотингем Форест во меч во кој победата ја потврди Ерлинг Халанд со убав гол во 71 минута.

Норвежанецот не беше активен од реваншот со Реал Мадрид во ЛШ, но против „шумарите“ покажа дека проблемите се зад него и дека е подготвен за овој финиш на сезоната во која „граѓаните“ имаат две јасни цели, да ги одбранат трофеите во Премиер лигата и ФА Купот.

Голот и изданието на Халанд донесе реакција од легендарниот Кин кој пред неколку недели порача дека напаѓачот изгледа како играч од Лига 2.

Кин за најлошата страна на Халанд: Игра како четвртолигашки фудбалер

Кин смета дека критиките вродиле со плод и сега Ерлинг е како фудбалер од Чемпионшип, односно се движи во посакуваниот правец.

-Тој изгледаше како играч од Чемпионшип, многу се подобри! Во однос на стрелец, тој е апсолутно неверојатен, нема никаков сомнеж за квалитетот во однос на неговата завршница.

-Кога ќе игра ќе сака да има влијание врз играта и кога екипата е така растегната, има луѓе како Де Брујне, ќе ве пронајде и тогаш тоа е само толкава острина што ја покажа, -порача Кин.

Гвардиола возврати со „отровна стрела“ откако Кин заклучи дека Халанд игра како четвртолигаш

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни