Поврзете се со нас

Англија

Невил предвидува крај за шампионските амбиции на Арсенал: Тоа ќе биде нивната гробница

Објавено

на

Гери Невил не верува во шампионските амбиции на Арсенал од самиот старт на сезоната, па дури и во ситуацијата кога тимот на Микел Артета влегува со реални шанси за највисок дострел на три кола пред крајот, легендата на Јунајтед не го менува ставот.

Гери смета дека Манчестер Сити има се во свои раце и повторно ќе покаже шампионски ген како во претходните три сезони, а исто така верува дека „топчиите“ можат да се сопнат на една од трите последни станици.

Арсенал во завршните три рунди игра со Борнмут, Манчестер Јунајтед и Евертон, со тоа што единствено гостување од овие три меча е оној на „Олд Трафорд“.

– Никогаш не знаете што може да се случи на „Олд Трафорд“. Театарот на соништата знае да биде гробница за многу тимови, па може да биде и за Арсенал.

– Дури и во ситуацијата во која игра актуелниот Манчестер Јунајтед, мора да сте свесни дека тоа е голем меч и дербито носи посебни емоции. Тимовите од долниот ел од табелата имаа добри излети на „Олд Трафорд“ оваа сезоан, но оние од врвот постојано се мачеа, па не гледам зошто тоа не би било така и со Арсенал, – изјави Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни