Поврзете се со нас

Франција

Лион „одигра“ за ПСЖ, „светците“ официјално се француски шампиони (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Екипата на Пари Сен Жермен од вечерва и официјално е старо-нов француски шампион со што ја потврди доминацијата во Лига 1.

Лион го совлада второпласираниот Монако со 3-2, резултат со кој „светците“ и математички ја обезбедија 12. титула во домашниот шампионат или вкупно 50. во својата историја.

Инаку на соочувањето во Лион, стрелци за домаќините беа Лаказет, Бенрама и Фоафана, додека Бен Једер беше автор на двата гола за Монако, плус уште еден му беше пониште поради офсајд.

Следно за ПСЖ е пресметката со Борусија Дортмунд во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни