Поврзете се со нас

Шпанија

Чави сурово искрен за својата одлука: Не игра поради тоа што има подобри од него!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес можеше да биде задоволен од резултатот и сериозното издание на Барселона против Реал Сосиедад, а триумфот од 2:0 значи дека неговиот тим се враќа на второто место на табелата.

Тоа ќе биде цел број еден до крајот на сезоната за каталонскиот гигант, кој откако остана без шанса за било каков трофеј оваа сезона, сега мора да го обезбеди второто место за да завери билет за Суперкупот.

Победата над Реал Сосиедад беше доволна за враќање на оваа позиција на три кола пред крајот, а Чави на прес-конференција повторно морал да одговара зошто не му даде шанса на Витор Роке и на петти меч во низа.

Агентот на фудбалерот почна да се заканува и да најавува дека талентираниот Бразилец ќе си оди од Барса, но Чави сега беше брутално искрен и накратко објасни зошто младиот напаѓач не добива шанса.

– Конечните одлуки за секој играч ќе ги носиме на крајот од сезоната и тоа ќе го направиме интерно со Лапорта и Деко. Роке едвај влезе во листата за овој меч, имаше некој проблем и не можеше да се загрева. Не игра на пет натпревари бидејќи има конкуренција во Барса. Како тренер на Барселона, гледам дека има фудбалери кои се подобри од него во овој момент, фудбалери кои се во подобра кондицинска форма и нема ништо повеќе од тоа. Тој е многу млад и дојде да се натпреварува со големи играчи, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни