Поврзете се со нас

Англија

Озил го храбри Тотенхем и даде ветување: Ако вечерва не загубите…

Објавено

на

foto: twitter.com/M10

Тотехем и Манчестер Сити вечерва се соочуваат во заостанатиот меч од 34. коло во Премиер лигата, меч кој е од големо значење за двете екипа.

„Петлите“ се борат за место во Лигата на шампионите и со победа ќе ги задржат шансите за елитното натпреварување, додека пак „граѓаните“ сакаат триумф со кој ќе се вратат на првото место на табелата и ќе имаат отворен пат до нова титула во шампионатот.

Клубот од Лондон знае да биде доста незгоден за Сити кога игра пред своите гледачи и потврда за тоа што четата на Гвардиола последен пат на овој терен (во ПЛ) има славено дури во 2018 година.

Токму поради ова Арсенал и неговите навивачи се надеваат дека градскиот ривал ќе дојде до позитивен резултат, па доаѓаат пораки од сите страни. Една таква стигна и од некогашкиот ас на „топчиите“, Месут Озил кој се огласи на социјалните мрежи.

-За прв пат вечерва: Ајде Спарс! Ако Тотенхем не загуби, ветувам дека никогаш повеќе нема да ги исмевам, -напиша Месут.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни