Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ вечерва испраќа последен поздрав до својот најверен навивач: Дојдете на „Кале“ за Мац! (Фото)

Објавено

на

Македонската спортска јавност вчера со неверување ја пренесе веста за смртта на Марјан Михајловски, човек кој во кошаркарските кулоари беше надалеку познат како Мац и како најверен фан на МЗТ Скопје.

Мац целиот свој живот го посвети на својата прва љубов и долги години беше лидер на навивачката група „Фемили“, а во последните десетина години работеше во клубот и беше дел од големите успеси на „металците“.

МЗТ со голема тага ја потврди веста за ненадејната смрт, а денеска испрати порака до сите свои симпатизери и побара од нив да присуствуваат на полуфиналниот меч против ТФТ кој се игра на „Кале“.

– Вечерва сите во СРЦ „Кале“ – да победиме за нашиот Мац! Кошаркарите во плаво-бела опрема вечерва како гости ќе го одиграат третиот натпревар од полуфиналната плејоф-серија против Кошаркарски Клуб ТФТ Mozzart АД Скопје (19 часот), во кој ја имаат првата шанса да го потврдат настапот во големото финале.

– Дуелот доаѓа во моменти на шок поради ненадејната смрт на нашиот Марјан Михајловски, човекот кој беше дел од клубот и кој цел живот живееше со и за МЗТ Скопје. Тоа секако ќе биде дополнителен мотив за избраниците на тренерот Васко Атанасов да победат за него, но и за сите кои го сакаа и ценеа и кои знаеја колку ја сакаше плаво-белата боја. Сите да дојдат во СРЦ „Кале“ и да му го упатот последниот аплауз кон небото. Секако и да помогнат да се оствари тоа што тој најмногу го сакаше, а тоа се победите на својот миленик. За Мац!, – гласи пораката на МЗТ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни