Поврзете се со нас

Германија

Тухел со ладна глава за поразот од Реал: Вчера мислев дека е понеделник…….

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел беше бесен по елиминацијата од Реал Мадрид и целосно се испразни по поразот од „кралскиот клуб“ во полуфиналето во Лигата на шампионите, меч кој ќе го памети и по контроверзната одлука на судијата Марчињак.

Тренерот на Баерн не го прифати извинувањето од судиите и нагласи дека направила преголема грешка за да поминат само со прошка, а во обидот да објасни колку голема емотивна штета доживал со елиминацијата, откри дека во петокот мислел дека всушност почнува нова работна седмица.

– Не сакавме сезоната да ни заврши во осум дена. Цел фокус беше ставен на двата меча со Реал Мадрид. За мене лично, сега ми изгледа како да излегувам од тунел после 10 дена.

– Максимално се фокусиравме на двата меча против Реал Мадрид. Вчера мислев дека е понеделник, а всушност беше петок. Оставивме се што имавме на двата меча, нашите срца и нашата душа.

– На крајот не успеаме и испаднавме на тажен начин. Како и да е, животот продожува и веќе се нормализирам. Сите сакавме да ја оствариме нашата главна цел и да играме финале, но сега мора да се насочиме на натпреварите кои ни преостануваат во Бундеслигата, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни