Поврзете се со нас

Шпанија

Чави со големи комплименти: Тој е избраниот, прави разлика…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона го одбрани домашниот терен и славеше над Реал Сосиедад со 2-0 во последниот натпревар од 35. рунда во Ла Лига.

Со овие три бода каталонците се вратија на втората позиција на табелата која се надеваат дека ќе ја задржат до самиот крај затоа што истата ќе ги однесе на турнирот во Супер Купот на Шпанија, настан кој секогаш носи плус заработка, пари во клупската каса.

Играч на натпреварот беше младиот Јамин Ламал кој го постигна првиот гол кога покажа колку рутински може да реализира иако има само 16 години.

Ова за него е прва година на сениорско ниво и со неговиот квалитет, потенцијал и талент дефинитивно многу ветува.

-Јамал е практично избраниот. Неговото одлучување е исклучително. Се разбира, не е совршен, има 16 години… ама како прави разлика на таква возраст веќе ви кажува каков тип на играч е и може да биде. Неговиот напредок оваа година беше луд, -истакна тренерот Чави Ернандес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни