Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер продолжи да победува, Детонит Плачковица ќе игра бараж за Прва лига

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FC.PelisterBitola

Тимот на Пелистер продолжи да победува во Втората лига, односно серијата на одлични резултати беше продолжена и во соочувањето со Победа.

„Зелено-белите“ го добија пелагониското дерби со 1-0 со погодокот кој го постигна Танушев. Лидерот во шампионатот Беса не успеа да слави во последниот домашен меч во актуелнава кампања, поточно одигра реми без голово со Башкими.

Третопласираната Детонит Плачковица освои само бод на гостувањето во Гевгелија кај Кожув (0-0) и со тоа официјално го потврди пласманот во баражот за Првата лига каде допрва ќе го добие противникот.

Завршното 30. коло ќе донесе голема борба во битката за опстанок, поточно засега само испаднат е составот на Караорман.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни