Поврзете се со нас

Италија

Жиру потврди дека си заминува од Милан: Сакав да си одам на поубав начин

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Оливие Жиру има договорен трансфер во Лос Анџелес и својата кариера ќе ја завршува во МЛС лигата, откако на 38 години одлучи дека е време да се прости од Европа.

По три одлични сезони во дресот на Милан, Жиру полека се збогува од играње на највисоко можно ниво на стариот континент и се решава за едно ново поглавје во кариерарта, кое најверојатно ќе биде и последно за него.

– Тука сум за да ви кажам дека претстојните два натпревари ќе бидат последни за мене како играч на Милан. Кариерата ја продолжувам во МЛС лигата. Горд сум за се она што го направив за Милан во овие три години.

– Оваа одлука ја донесов пред неколку недели. На Милан му дадов се што имам, дојдов на 35 гоини, а сега имам речиси 38. За мене и моето семејство, Милан беше посебно и поинакво животно искуство. Во фудбалот се живее со 200 километри на час, сега сакам да мислам само на моето семејство. Беше чест да се носи овој дрес, сакав да завршам на највисоко ниво во Европа.

– Реално гледано, сакав да си одам на поубав начин, со освоен трофеј. Сите знаете дека јас сум конкурентен и сакам да се натпреварувам. Дадов се од себе од првиот ден и задоволен сум од сето она што го остварив. Последниот меч ќе биде многу емотивен и ќе имам шанса да им се заблагодарам на навивачите. Навистина сум горд што бев дел од Милан.

– Мојата љубов кон Милан почна денот кога почнаа да преговараат со мене. Јас сум роден во 1986-та година и можев да го гледам тимот на Малдини. Сакам посебно да му се заблагодарам на Малдини, тој и тренерот Пиоли ми ја овозможија оваа авантура. Милан го гледав уште кога бев мал, а потоа како момче, мојот омилен играч од Милан беше Шевченко, – открива Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни