Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за реакцијата на Левандовски: И јас бев фудбалер…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона се избори за значајна победа над Реал Сосиедад од 2-0, победа со која го врати второто место на табелата во Примера, позиција која е важна затоа што носи учество во Супер Купот на Шпанија.

Домаќините дадоа по еден гол во двете полувремиња, во првото реализираше талентираниот Јамал, додека во второто трите бода ги потврди Рафиња со удар од белата точка.

Тренерот Чави Ернандес по натпреварот имаше можност да одговара на различни прашања, а едно од нив беше поврзано со реакцијата на Роберт Левандовски кој не беше задоволен што беше заменет во 76 минута.

-Замената на Левандовски беше тактичко прашање, за да може повторно да притисне високо и затоа што оваа недела има три натпревари. Ни требаше уште малку сила. Ни требаа уште малку нозе. Направивме голем напор и Роберт заврши многу добра работа. Го разбирам гневот на Левандовски, и јас не сакав да бидам заменуван, но како тренер морам да размислувам за групата.

-Го разбирам фудбалерот, и јас се лутев, но во тој момент сметавв дека ни треба физички тон при висок притисок, размислувајќи за доброто на тимот, тоа не е во личен тон, никогаш нема да го направам тоа, само за доброто за тимот, -порача Чави.

Следно за Барса е гостувањето кај Алмерија, па дуелот со Рајо Валјекано на Столе Димитриевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни