Поврзете се со нас

Балкан

Алими го матираше Рапид Букурешт (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/osksepsi/

Македонскиот интернационалец, Исник Алими беше стрелец за неговиот Сепси во пресметката со Рапид Букурешт во првата лига на Романија.

Во плејоф фазата, поточно во групата каде екипите се борат за највисок пласман, Сепси славеше над Рапид со 3-2.

Алими го одигра целиот меч и беше меѓу најдобрите на теренот, партија која ја одбележи со гол во судиското продолжение кога погоди за 3-1.

Ова за Исник е шести лигашки погодок, плус има забележано три асистенции. Сепси со 34 бода е на петтото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни