Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер ја доби третата битка со Работнички и стигна на чекор од финалето

Објавено

на

По двата меча одиграни во Скопје, Пелистер и Работнички ја продолжија својата полуфинална серија во Битола, а таму вечерва се одигра првиот од планираните два натпревари.

Домашниот тим направи голем исчекор кон финалето во плејофот и вечерва победи со резултат 84:79, па сега „зелено-белите“ ги чека само една победа од повторување на минатогодишниот успех и борба за титулата.

Работнички подобро го отвори мечот и прв наметна темпо на денешната пресметка, но битолчани останаа во егал ситуација и со цврста одбрана се вратија во игра.

Тоа му овозможи на Пелистер да замине на пауза со минимална предност од 43:42, но неизвесноста траеше и во преостанатиот дел од мечот, во кој на крајот решаваа нервите.

Пелистер покажа поголема смиреност во одлучувачките моменти и правеше помалку технички грешки, па на крајот стигна до дефинитивна предност од пет разлика и победи со 84:79 за предност од 2:1 во полуфиналето.

Рикиќ и Трајс со 22 и 20 поени беа најефикасни на теренот, но тоа беше мала утеха за играчите на Работнички кои на крајот претрпеа пораз. Во победничкиот тим, Магдевски и Мијовиќ уфрлија по 18 поени, додека Маслинко, Планиниќ и Најт постигнаа по 12.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни