Поврзете се со нас

Англија

Пети го советува Арсенал да го купи отпишаниот играч од Тен Хаг: Тој е како динамит на теренот

Објавено

на

Емануел Пети својата играчка кариера ја градеше во Франција и повеќе од една деценија играше за Монако, но во зенитот на своето фудбалско патување, заигра и за големи англиски клубови како Арсенал и Челси.

Францускиот фудбалер мина по три сезони во двата клуба и далеку поуспешно беше неговото патување во Северен Лондон, каде со Арсенал ја освои Премиер лигата и ФА Купот. Поради своето минато во Арсенал, Пети често знае да се јави со интересни предлози за својот поранешен клуб, кој во време кога се бори за трофејот со Манчестер Сити, полека треба да се подготвува за ново возбудливо лето.

Микел Артета наметна стандарди според кои тимот треба да се подобрува секоја сезона, а според Пети, идеално засилување за Шпанецот би бил прецртаниот играч од Ерик Тен Хаг.

Светскиот шампион од 1998-ма година смета дека Арсенал треба да го одврзе ќесето за уште еден англиски репрезентативец, а тоа е Џејдон Санчо кој се врати на вистинскиот пат по позајмицата во Борусија Дортмунд.

– Веќе некое време велам колку сум импресиониран од изданијата на Санчо во Лигата на шампиони. Тој изгледа како сосема нов играч. Изгледа фит, брз, тенко и експлозивно. Тој е како динамит на теренот, навистина е експлозивен со топката во нозе. Јунајтед е далеку од неговото ниво, па зошто Арсенал а не проба таков голем трансфер?

– Јунајтед дојде во ситуација да ги расипува играчите. Може да го ставите најдобриот играч во светот во Јунајтед, а тој после два месеци ќе изгледа просечно, – завршува Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни