Поврзете се со нас

Англија

Бекам: Се знаеше дека ќе биде тешко, но предолго траат проблеми во Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Дејвид Бекам долго време настапуваше во Манчестер Јунајтед и дефинитивно тоа е клуб кој има посебно место во неговото срце.

Додека тој беше дел од „црвените ѓаволи“, тоа беше клуб кој беше вистинска сила во Англија и Европа, тим за титули, големи дострели, ама веќе некое време премиерлигашот е далеку од тоа ниво.

По заминувањето на сер Алекс Фергусон се тргна надолу за Јунајтед, меѓутоа никој не очекуваше дека толку долго ќе трае периодот на транзиција, ќе има проблеми за кои не се наоѓа соодветно решение.

-Имаа навистина тежок период од пет или десет години, но знаевте дека така ќе биде кога шефот ќе го напушти клубот. Не е само тоа, изгубивме играчи како Рајан Гигс, Рој Кин и Гери Невил, сите тие беа долго време во Јунајтед. Кога го губите тоа, потоа губите дел од клубот.

-Се знаеше дека ќе биде тешко. Сепак, сите би сакале брзо да се промени, бидејќи сето ова трае предолго, -порача Бекс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни