Поврзете се со нас

Пливање

Французин собори светски рекорд на Фелпс стар 15 години (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FFNatation

Францускиот пливач Леон Маршан постави светски рекорд во пливачката дисциплина – 400 метри мешано, со што го подобри досегашното најдобро време, кое беше сопственост на легендарниот Мајкл Фелпс.

Маршан бил дел од финалната трка во соодветната дисциплина на Светското првенство во Фукуока, Јапонија, а делницата ја испливал за 4:02:50, со што го надмина досегашниот светски рекорд на Фелпс (4:03:84).

Фелпс го постави рекордот на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, а Маршан имал чест златниот медал да му биде предаден токму од Американецот, кој е присутен во Фукуока како стручен тв коментатор.

Французинот го освоил првото место во трката со повеќе од 4 секунди предност пред Американецот Карсон Фостер, додека бронзениот Даија Сето, доцнел речиси 7 секунди.

Светскиот рекорд на 400 метри мешано, беше последен во сопственост на Фелпс, а тој и натаму е дел од рекордите на штафетните трки на 4×100 и 4×200 метри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни